Хрватска своевремено направи подвиг каков што обично се гледа на филмови, во реалниот живот, „малку“ потешко. Од последното место на ЕП 2002, за една и пол година стана Светски и Олимписки шампион. „Таа“ генерација добива своја книга во која има пикантерии од времето, а интересна снимка има и на Јутјуб.
Хрватската фудбалска У18 репрезентација во 2003 година беше во Португалија каде што играше два пријателски меча, а како своевидна награда ги однеле на мундијалскиот меч меѓу Хрватска и Данска (33-27), последен меч од вториот круг што за Хрватска значеше сѐ или ништо.
По натпреварот младите фудбалери, а меѓу нив и идната мега фудбалска ѕвезда Лука Модриќ ги пуштиле на терен каде што буквално скокаа врз Балиќ, Метличиќ, Лацковиќ...
Хрватскиот весник „24 Сата“, објавува и изјава од еден од актерите, Марко Циндриќ, тренер во Динамо, тогаш репрезентативец.
„По мечот не пуштија на терен, а тоа за нас 'клинците' беше супер, да славиме заедно со ракометарите. Многумина од нас тогаш и прв пат гледаа ракомет во живо. Се чудевме како се брзи, силни и големи тие момци, како се игра агресивно и има многу голови, многу повеќе отколку во фудбал и постојано нешто се случува“, изјави Циндриќ за 24 Сата.