Трансфери, вести, занимливости: Епско полуфинале, нови договори

Кога повреда на лигамент е добра вест. Пивотот на женската репрезентација на Данска, Катрина Хејндал на раце беше изнесена од теренот за време на полуфиналниот дуел со Норвешка. Кон средината на првиот дел, Хајндал остана на лежи на теренот, со очигледна повереда на коленото. Добро во лошото, има повредени лигаменти, но не е предниот вкрстен лигамент и ќе мине со само „три“ месеци отсуство од теренот. 

Allez les Bleus! Победата на Франција над Шведска во полуфиналето значи дека репрезентацијата на Данска ќе оди директно на Олимписките игри во Париз 2024 како најдобропласирана репрезентација од ЕП 2022 што се играше во Македонија, Словенија и Црна Гора. 

Вака - така стана дрим тим. Екипата на Бјерингбро Силкеборг, тим што го гледавме неодамна во Скопје против Алкалоид, продолжува да гради исклучително силен тим за наредната сезона. Откако го доведоа Расмус Лауге годинава, нивните апетити се зголемија, па го доведоа и Мортен Олсен, Николај Лесо, а последната аквизиција е капитенот на ГОГ, Андерс Закаријасен. 

Си направи гнездо. По левото крило Бјарки Мар Елисон, договорот со Веспрем го продолжи и десното крило Гаспер Маргуч. Словенецот потпиша договор до 2026 или вкупно ќе мине најмалку 12 години во дресот на Веспрем. 

Се знае кој е газда. Исландскиот тренерот Торир Хергеирсон е на чело на женската репрезентација на Норвешка од 2009 година или цели 14 години. Претоходно осум години беше асистент на Марит Бревик. Норвешките медиуми велат дека Торир Хергеирсон добил зелено светло да го продолжи договорот за уште четири години од најважниот фактор - жена му. 

Кога изиграваш кловн пред цел свет. Во епското мундијалско полуфинале, Норвежанката Хени Рејстад постигна 15 гола од 17 обиди од кои 6 во продолжението заклучно и голот за победа по 70 минути игра постигнат во последната секунда, а за играч на натпреварот беше прогласен голманот на Данска, Алтеа Рејнхарт. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk