ЛШ: Е. Пелистер во Кил, каде да гледате?

Македонскиот ракометен првак Е. Пелистер, попладнево ќе го одигра својот 12 натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите. Битолчани гостуваат во една од најпознатите сали, кај еден од најпознатите светски клубови - Кил. 
Зебрите годинава на домашната сцена играат слаба сезона и се борат за место во ЕХФ Европската лига, но затоа во Лигата на шампионите играат одлично и се многу блиску до обезбедување на директен пласман во 1/4 финалето што ќе им даде повеќе време за одмор во сезоната во која распоредот е густ и многу тежок особено за врвните играчи кои играат ЕП, ЛШ, Бундеслига, а летово ги чека и Олимпијада. 

Битолчани имаат 11 порази во досегашниот дел од Лигата на шампионите и заедно со Целје Пивоварна Лашко се најслабите тимови сезонава. Да се очекува дека токму против Кил и тоа на гостински терен ќе го поправи скорот, е малку нереално, но овие натпревари од друга страна се и најлесни за играње, затоа што притисок врз тимот нема, единствено што треба да покажат е борбеност и мотивираност. Промоција и индивидуална и клупска, пак, кога се игра против Кил е можна и реална, затоа што црно-белите секогаш ги следат „многу очи“. 

За македонските репрезентативци од редот на Е. Пелистер, ова ќе биде одлична можност да се „запознаат“ со Елијас Елефсен а Скипаготу, најдобриот играч на Фарски острови против кои ќе играме бараж за пласман на СП во мај. 
Ќе имаат множност да ги видат неговите потези, силни и слаби страни, па можеби од тоа во мај ќе видиме и некоја корист. Истото, пак, важи и во обратен правец. 



ЛИГА НА ШАМПИОНИ 12.КОЛО
ДЕНЕСКА ОД 18:45 ЧАСОТ

КИЛ - Е. ПЕЛИСТЕР (МТВ 3, TV Arena Sport 4)
ВЕСПРЕМ - ГОГ (TV Arena Sport 1) 
ДЕНЕСКА ОД 20:45 ЧАСОТ
БАРСА - ПОРТО
ПСЖ - КЕЛЦЕ (TV Arena Sport 1)

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk