Долго време ЕХФ ја тестираше идејата женското ЕП во 2026 да се одржи во пет држави. Практично сите што испратија кандидатура, добија дел од организацијата.
Прво веста беше неофицијално пуштена во јавност, собра позитивни импресии и од потенцијалните организатори (ќе имаат намалени трошоци и помалку обврски), потоа во официјална форма стигна до Изршната комисија, денеска е официјализирана.
Турција, Романија, Чешка, Словачка и Полска се официјално домаќините на ЕП 2026. Прелиминарната рунда ќе се игра во Орадеа, Клуж, Анталија, Брно, Катовице и Братислава.
Потоа во Главната рунда репрезентациите ќе продолжат во најголемите сали, а тоа се салите во Клуж (11.000) и Катовице (10.000).
Првенството ќе се игра од 3 до 20 декември 2026. Претходно ќе има квалификации во кои ќе учествува и Македонија, а кои ќе бидат малку поинакви од досегашните со оглед на тоа дека пет репрезентации веќе имаат директен пласман.
Поврзани вести