Алкалоид е победник на Куп на Македонија!

РК АЛКАЛОИД - РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25-23 (10-11)
Сала: „Борис Трајковски“ во Скопје. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Контролори: Ацо Николовски и Камер Металари
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајкоски, Џонов, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов 3, Карасманакис, Стојковиќ, М. Митев 2, Ѓоргиев, Велковски 4, Симоноски 4, Бинго 4, Д. Митев 4, Савревски, Димовски 1
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 4 мин
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР: Лесјак, Гедбан, Манасков 1, Цехте 3, Кузманоски, Тајник 3, Пјеховски, Борзаш, Танкоски, Радивојевиќ 2, Кузмановски 6, Петар Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев, Пешевски 7, Павле Атанасијевиќ
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 8 мин.  

Алкалоид е победник на Куп на Македонија! Во својата трета сезона скопскиот клуб стигна до првиот пехар совладувајќи го финалето на Ф4 од Купот на Македонија актуелниот првак Е. Пелистер по подобро изведување на седмерците.

Одново јунак на Алкалоид беше голманот Галевски, а славата да го постигне победничкиот гол ја имаше Иван Џонов. 

Почетокот на натпреварот му припадна на Алкалоид кој играше убаво и полетно и по воведните 2-3 со серија од 5-0 стигна до водство од 7-3 и имаше и напад за плус пет што не беше реализиран. 
Тоа беше своевидна пресвртница на теренот, затоа што следеа два гола на Е. Пелистер намалување на 5-7 и враќање резултатски во натпреварот. 
Алкалоид држеше ритам и во продолжението имаше 10-7, по што Е. Пелистер ја презема контролата.
Поголемото искуство собрано и со возраста и со меѓународниот стаж дојде до израз. Одбраната беше пофокусирана, Гедбан одбрани два шута кои донесоа комплетен пресврт и на одмор се замина со резултат 10-11. 

За разлика од првиот дел, битолчани подобро отворија во второто полувреме и набрзо имаа водство од 14-11 и 15-12.
Потоа Алкалоид одново влезе во пообар ритам, а битолчани почнаа да кризираат напаѓачки.
Алкалоид со нови 5-0, дојде до 17-15 и натпреварот одново влезе во резултатска нишалка. Се стабилизираа и битолчани и на 10 минути до крајот беше само еден гол разлика (19-18).
Урбан Лесјак одбрани пенал и му даде шанса на својот тим да оди по израмнување. Не успеаја во тој обид, но веднаш потоа Лесјак одбрани уште еден пенал и одново му даде шанса на својот тим да брка израмнување. 
Радивојевиќ израмни во 54 минута и целосно го врати тимот во игра.

Драматично беше до самиот финиш, игра гол за гол при што битолчани се посреќни затоа што последни израмнија. 
Средбата заврши без победник 22-22 и се премина на изведување на пенали. 

ПЕНАЛИ
0-0 Лесјак брани на Серафимов
0-0 Галевски брани на Кузмановски
1-0 Симоноски
1-1 Ц. Кузманоски
2-1 М. Митев
2-1 Радивојевиќ промашува
2-1 Д. Митев промашува
2-1 Галевски брани на Ѓорговски
3-1 Џонов
 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk