Репрезентативците од РК Алкалоид на прием во компанијата

Ракометарите и тренерскиот тим на РК Алкалоид што беа дел од  македонската репрезентација на Светското првенство во ракомет беа пречекани од Генералниот директор/Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, г. Живко Мукаетов.
На средбата г. Мукаетов им честиташе на ракометарите и на стручниот штаб за одличното претставување на Македонија на светската ракометна сцена, за нивното професионално однесување и за постигнатите резултати на Првенството. Тој ја нагласи и важноста на нивното учество како дел од националната репрезентација и нивниот придонес како членови на клубот. По тој повод тој им додели благодарници и им посака уште поголеми успеси во иднина.
РК Алкалоид на Светското првенство 2025 го претставуваа ракометарите: Марко Кизиќ, Иван Галевски, Иван Џонов, Марко Митев, Игор Ѓоргиев, Мартин Серафимов, Мартин Велковски, Александар Петковски, Никола Маркоски, Валентин Карасманакис и Марко Стојковиќ. Во стручниот штаб на националниот тим беа: селекторот Кирил Лазаров, помошникот Билјана Црвенкоска, кондицискиот тренер Петар Баснарков и физиотерапевтот Тоше Трајковски.



Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk