Кој ќе стигне прв до полуфинале на ЕХФ Куп

Денеска ќе биде познат првиот полуфиналист во ЕХФ Европскиот Куп. Во Љубушки, БиХ, ќе се сретнат екипите на Изиѓач и на исландскиот тим Хаукар (20:00). Исланѓаните имаат три гола предност од првиот натпревар. Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе се сретне со вкупниот победник од дуелот меѓу Партизан и АЕК.

Утре, пак, играат Партизан и АЕК (АЕК има пет гола предност), Рунар и Олимпијакос (Олимпијакос има шест гола предност) и Алкалоид – Баја Маре, меч на кој ниту една од екипите нема предност по првиот одигран натпревар.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk