Photo: Sven Mandel/
Creative Commons
Сезоната влегува во завршната фаза, најинтересниот дел во кој во рамки на 45 дена треба да бидат завршени сите шампионати за според планот на ЕХФ, Фајналфор во Келн да биде последниот ракометен настан во сезоната.
Се игра забрзано секаде низ Европа, а во три големи ракометни сили веќе се доделени и првите пехари. Во Куп натпреварувањата.
Екипата на Келце ја совлада Висла Плоцк (27-24) во финалето на Куп на Полска и најави враќање на пехарите во витрините на некогаш неприкосновениот жолт тим.
Во Германија, пред 20.000 гледачи во Келн, Кил го совлада Мелзунген (28-23) и го освои својот 13 Куп пехар. Мелзунген и натаму останува без освоен трофеј во Германија.
Конечно, во Унгарија во финалето на Куп натпреварувањето во полната сала во Татабања се сретнаа Веспрем и Сегед. Тоа беше нивно 200 дерби. Победи екипата на ПИК Сегед, мининално 31-30. Клучен момент беше одбраната на голманот Тобијас Тулин кој спречи израмнување при резултат 30-29, а потоа Себастијан Фримел погоди за водство од 31-29 што беше доволно за осмиот триумф на ПИК Сегед во унгарското куп натпреварување.