Македонија со велигденска победа, Швајцарија е аут од ЕП

МАКЕДОНИЈА - ШВАЈЦАРИЈА  29-28 (16-16)
Македонија: Митревски 1 (15 одб), Томовски, Маџовски 2, Младеновиќ, Георгиевски 4, Велковски 1, Талески 3, Кузмановски 6, Ѓорѓиев, Миркуловски 2, Лазаров 6, Костески, Стоилов 1, Пешевски 2, Маркоски, Мишевски 1



Репрезентацијата на Македонија одигра одличен натпревар и ја совлада селекцијата на Швајцарија во последното коло од квалификациите за ЕП 2022. 
Македонија со ова победа стана најдобро-второпласирана репрезентација во квалификациите, но за жал тоа не носи привилегии во ждрепката. 

Кирил Лазаров и оваа средба ја почна со условно кажано резервна постава на теренот и одбрана 5-1. На ова швајцарскиот селектор одговори со игра „седум на шест“ по што и нашата зона мораше да се врати на линијата. Речиси цел меч Швајцарија го играше со истиот напад, што пак е многу напорно за одбраната.

Гостинскиот тим ја имаше резултатската контрола во првото полувреме. Тесна предност, најчесто гол разлика, што ја обезбедија бековите шутери Рубин и Реми, додека првата ѕвезда Шмит ги разигруваше. 
Македонија резултатскиот минус можеше да го надополни во неколку наврати, но реализацијата не беше добра, одново и неколку пенали завршија без гол и тоа ги одржа гостите во предност. 

Се играше релативно брзо, без задржување на топката што доведе и до повеќе напади и повеќе голови па на полувреме беше (16-16). 

Никола Митревски блесна во вториот дел, десет одбрани во овој период 10 од вкупно 15 интервенции колку што имаше. 
Десет минути им беа потребни на домашните да преминат во водство (19-18), а потоа беше полесно. Лазаров диригираше и погодуваше, Георгиевски погодуваше, Митревски бранеше. 

Швајцарија од напад во напад беше во се поголеми проблеми, а кога мечот стигна до 26-23 во 53 минута, беше прилично јасно кој ќе биде победникот. 
Гостите се вратија на минус еден, за пласман на ЕП им беше потребно и реми, но Митревски и Лазаров ги вратија na 29-27, по што Швајцарија единствено што успеа е да го ублажи поразот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk