Марко Миркуловски, познат ракометен работник и татко на репрезентативецот Филип Миркуловски ја промовираше својата прва книга - „Гол за финале“.
Марко Миркуловски своевремено го формираше првиот приватен ракометен клуб во Македонија - клубот се викаше Македонија и е матичен клуб на пример на Филип Миркуловски, а подоцна во оваа екипа играа и други познати играчи.
Оваа екипа беше база за формирање на кадетска репрезентација во која играа Горан Кузманоски, Мите Стоилов, Иван Арнаудов итн.
Репрезентацијата во улога на аутсајдер замина на јуниорското ЕП во Полска пред дваесет години и таму на дуели со Чешка за која играше на пример Филип Јиха, Полска за која играа Биелецки и Јуркиевич стигна до полуфиналето. Имаше два пенала за пласман во финале македонскиот тим, но...
Целата таа приказна од моментот на формирање до враќањето во Македонија од ЕП, Марко Миркуловски кој беше и директор на репрезентацијата ја има прераскажано низ 450 страници во своето дело. Книга преполна со детали, автетични дијалози и се што се случуваше во соблекувалната и надвор од неа во кадетската репрезентација.
Марко Миркуловски овековечи, односно спаси од заборав една убава епизода од македонскиот ракомет. Книгата од 15 јануари ќе биде во редовна и онлајн продажба.