Келце потпишува договори на сред терен

Еден од најдобрите полски ракометари, Симон Сичко, потпиша нов договор со Келце, важечки до 2027 година. 



Иако е клуб во кој има многу странски играчи, Келце и неговата политика што ја реализира Душебаев е двигателот на полскиот ракомет и ја целата полска репрезентација на еден или друг начин, помагајќи ги другите клубови со позјамици каде што се развиваат домашните играчи. 
Симон Сичко, во моментов еден од најдобрите полски ракометари од 2017 е во Келце, но беше позјамен во Хутенберг, а потоа во Жабже. Се разви, се врати во Келце и сега добива солидна порција минути на терен на најважните натпревари.

Келце потпиша нов договор со Сичко. Бертус Сервас, претсетдателот на клубот го најави на својот Твитер, а потпишувањето беше своевидна парада. По завршувањето на мечот со Динамо Букурешт, пред да заминат гледачите на средината на теренот беше донесена маса, договорот и Сервас и Сичко пред полни трибини се обврзаа за соработка. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk