Лазаров скрати на 23 играчи пред Чешка

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го скрати спиоскот на ракометари со кои Македонија ќе и се спротивстави на Чешка во Бараж 2 квалификациите за Светското првенство. 



Со 23 ракометари Македонија ќе ги почне подготовките за дуелите со Чешка. Нема големи отстапувања од составот со кој игравме против Романија. Марко Мишевски по закрепнувањето од повредата повторно е на репрезентативниот список. 
Овој пат и двајцата браќа, Петар и Павле Атанасијевиќ се во ростерот. Покрај Гоце Ојлески и Петар Атанасијевиќ и Дарко Кондев исто така си најде место во списокот од 23 меѓу левите крила, а го нема Бојан Маџовски на таа позиција. 

Македонија и Чешка првиот меч ќе го играат на 13 април во Злин, реваншот е на 17 април во Скопје. Победникот од овој двобој ќе игра на Светското првенство што во 2023 ќе се одржи во Полска и Германија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk